Honor 20S официјализиран со Kirin 810 чипсет

5.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Honor 20S официјализиран со Kirin 810 чипсет

Honor 20S е официјално претставен, а се работи за речиси ист телефон каков што е Honor 20, но со поинаков чипсет и една камера помалку. Секако, 20S пристигнува и со значајно пониска цена.

Смартфонот го покренува Kirin 810 чипсет, додека GPU е Mali-G52 MP6. На полето на меморијата и простор за складирање присутни се 6GB и 8GB RAM, како и 128GB интерна меморија. Не постои microSD слот за проширување на складирањето.

Три камери на задната страна го сочинуваат 48MP главен сензор (f/1.8), 8MP ултраширок сензор и 2MP доделена микро камера. NPU хардверот на Kirin чипсетот се користи за покрекување на AI Super Night Scene режимот. Од предната страна е 32MP селфи камера, сместена во punch-hole отвор.

Дисплејот е со големина од 6.26 инчи и во прашање е IPS LCD панел со 1080p+ резолуција. Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од страна на рамката на телефонот, а уредот го напојува батерија со 20W опција брзо полнење.

Почетната цена на Honor 20S на пазарот на Кина изнесува околу 256 долари/240 евра за моделот со 6GB RAM и 128GB простор за складирање.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата