Дали мажените жени се навистина УМОРНИ ЗА СЕКС, или е нешто друго

4.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали мажените жени се навистина УМОРНИ ЗА СЕКС, или е нешто друго

Интересот на жените за секс се повеќе паѓа поради преголемите барања од партнерот, децата и работата.

На секоја десетта жена сексот и е се помалку привлечен, а секоја четврта има проблем да доживее оргазам, истакнува др. Кетрин Мерсер од Универзитетот во Лондон, која со колегите спроведе истражување меѓу 11.000 Британки помеѓу 16 и 44 години.

Мажените жени имаат многу повеќе сексуални проблеми во однос на жените и мажите кои не се во постојана врска, покажа истражувањето.

Паровите во просек имаат четири сексуални односи месечно, со тоа што сексуалното однесување на жената во бракот постојано се менува во однос на првите денови од заљубеноста. Жените најчесто зборуваат дека овој проблем е воочлив кога имаат дете помладо од пет години.

„Тоа е сосема логично, со оглед на недостатокот на сон. Подигнувањето на децата и грижата за семејството за жената е потешка задача во однос на мажот, кој покрај тоа, имаат 10 пати поголемо ниво на тестостерон во споредба со женските хормони. Меѓутоа, никој не е подготвен до крај отворено да разговара на таа тема. Дури 44% од жените и 35% од мажите имаат проблем на сексуално поле, а само 11% од мажите и 21% од жените се подготвени на таа тема да побараат стручна помош“, вели др. Мерсер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата