Наместо признание - “Биди среќен што не доби отказ“

4.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Наместо признание - “Биди среќен што не доби отказ“

Вишиот инспектор Ѓорги Илиевски од одмор денеска се врати на работа, тој од страна на претседателот на Државниот просветен инспекторат Томе Спировски бил пречекан со зборовите „биди среќен што не доби отказ“, пишува порталот Лидер пренесувајќи објава на Фокус. Илиевски го доби решението за пониска работна позиција, која инспекторатот му ја додели како казна оти го обелоденил скандалот за незаконското напредување кај тројца функционери на ДУИ. Вишиот инспектор, од денеска ќе биде само советник – инспектор за основно и средно образование и ќе зема пониска плата. Вели, одлуката е незаконска, оти се уште не добил одговор на жалбата доставена со Агенцијата за државни службеници.

-Пред пензија ме штити Законот за работни односи да нема намалување на платата, да нема намалување на работното место. Таа постапка ќе ја терам по слуѓбен пат. Се уште немам добиено решение по жалбата од Агенцијата за државни службеници. Ваквиот чин е реваншизам и лоша порака до сите инспектори во државата ако работат законито што ќе ги следи, вели Илиевски.

Правдата Илиевски ќе ја бара на суд. Тој обвинува дека во целиот случај се инволвирани и други високи функционери, а за скандалот, според него, молчи и премиерот Зоран Заев.

-Она што отворено го зборувам и за други функционери и за други професори кои што незаконито напредувале, како што е деканот на Факултот за безбедност. Никола Дујовски. Како што е Наташа Пеливанова, про декан на Факултетот за безбедност и е заменик- началник на Општина Карпош. Значи имеме судир на интереси, вели Илиевски

Инаку, при вршење редовен инспекциски надзор, инспекторот од Тетово, Ѓорѓи Илиевски утврди дека тројцата функционери на ДУИ се стекнале со повисоко наставно – научно звање додека извршувале јавна функција, што е спротивно на Законот. Случајот се однесуваше на министерот за образование Арбр Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули.

За ова, Илиевски минатиот месец го алармираше лично премиерот Заев, а тој преку СМС порака му одговорил оти споменатите функционери работеле во согласност со Законот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата