Samsung конечно ќе го пушти во продажба својот преклопен смартфон Galaxy Fold, а веќе сега се зборува за друг преклопен уред кој ќе се појави следната година.

Bloomberg пишува дека новиот смартфон на Samsung ќе има 6,7-инчен екран, кој може да се расклопи и склопи и да формира “коцка” која лесно може да се стави во џеб.

Овој уред ќе биде поевтин и потенок од Galaxy Fold, кој ќе чини 1.980 долари. На внатрешната страна ќе има еден отвор за камера, додека на надворешната страна ќе се наоѓаат две камери. Samsung наводно соработува со дизајнерот Том Браун за овој уред да им биде попривлечен и на оние кои не “залудени” од гаџети.

Овој уред би требало да биде сличен на претстојната преклопна Motorola RAZR, која ја развива компанијата Lenovo.

Bloomberg наведува дека Samsung тестира ултраултратенко флексибилно стакло за внатрешниот екран, кое ќе биде користено за изработка на претстојниот смартфон. Galaxy Fold користи флексибилен пластичен екран пресвлечен со тенок полимерски слој со цел на заштита.

Во април Samsung ја одложи продажбата на Galaxy Fold поради проблеми со екранот и се одлучи на редизајн за да го заштити 7,3-инчниот внатрешен екран. Заштитниот слој кој некои од незнаење го симнувале сега привлекува помало внимание.

 

извор: USB.mk

3

Најчитани вести