Ако си една од ВАКВИТЕ жени, НЕ ОЧЕКУВАЈ ПОНУДА ЗА БРАК

28.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако си една од ВАКВИТЕ жени, НЕ ОЧЕКУВАЈ ПОНУДА ЗА БРАК

Привлекувањето во љубовта е тешко. Ние можеме да привлечеме кон себеси партнер за сексуални односи или долгорочна врска, која, сепак, не може да продолжи во среќен брак. И жените и мажите имаат стандарди во потрагата по сериозен партнер. Двата пола имаат типови за кои се надеваат дека ќе ги сретнат. Постојат 5 типови на жени за кои мажите не сакаат да се оженат. Дали вие сте една од нив?

Шефица
Никој маж не сака жената на својот живот да дејствува како неговиот шеф. Мажот сепак, е веќе под притисок во својата работа. Зошто да има уште еден шеф дома? За мажите важно е дома да имаат спокојство, а не притисокот врз нив да продолжи. Нив не им треба партнер кој секогаш ќе им кажува што треба да направат.

Манипулаторка
Кога ќе се заљубите во еден човек и сакате да го поминете својот живот со него, мора да бидете сигурни дека вашите чувства што ги чувствувате за него се вистински. Мажите секогаш разбираат кога нивната партнерка сака да ги промени, манипулирајќи ги. Поттикнете го да биде вашиот партнер подобра верзија на себеси, но не се обидувајте целосно да го промените. Мажите бегаат од такви жени.

Љубоморна
Љубомората е нормално чувство кое секој го чувствува. Кога една жена е вљубена во нејзиниот партнер и се труди околу него, таа секогаш ќе сака да ги заштити своите интереси. Но, многу лесно границата може да се надмине и љубомората да стане саботер на врската.

Мрзелива
Улогата на жената е тешка. Таа работи, се грижи за нејзиното домаќинство, нејзиниот партнер, и еден ден ќе се грижи и за своите деца. Постојат различни домаќинства. Во некои, жената не готви и нејзиниот партнер се грижи за подготовката на храната. Во други, парот ги дели нивните одговорности и тие меѓусебно си помагаат. Но сепак никој маж не сака жена која воопшто не помага ништо по дома.
Постои начин да се постигне хармонија.

Разгалена
За жената важно е да биде нежна, да зрачи со романтика и женственост. Но, важно е да знае и што сака од животот, за да може сама да донесува некои одлуки. Мамините девојки не му се допаѓаат на секој маж. Силната и независна жена не се жали на мајка си секогаш кога нешто не е во ред во нејзината врска, таа не чека на мајка си било што, па макар било тоа и готвење или чистење на куќата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата