Четворица пратеници од Шарената револуција гласаа против воведување заменици-директори во јавните претпријатија

7.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четворица пратеници од Шарената револуција гласаа против воведување заменици-директори во јавните претпријатија

Пратениците кои се претставници на Шарената револуција, гласаа „против” законот за јавни претпријатија, со кој се воведува функцијата заменик-директор.

Шарените, не го одобрија овој предлог поднесен од Александар Кирацовски, Реџаиљ Исмаили, Благојче Трпевски и Јусуф Хасани, а кој се донесе по скратена постапка.

Пратениците Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефоска и Павле Богоевски, кои се непартиски претставници во Собранието, во коалиција со СДСМ, очигледно не се согласуваат целосно со политиките на власта, за воведувањето на заменици-директори на јавните претпријатија.

Инаку овој предлог јавноста го протолкува како креирање на место за празнење на партискиот список за вработување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата