ИДЕЈАТА Е ОДЛИЧНА И МОЖЕ ДА СЕ ПРИМЕНИ И ВО МАКЕДОНИЈА: Посини асфалтот во Доха

25.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИДЕЈАТА Е ОДЛИЧНА И МОЖЕ ДА СЕ ПРИМЕНИ И ВО МАКЕДОНИЈА: Посини асфалтот во Доха

Улиците во главниот град на Катар, Доха, се фарбаат во сина боја во рамките на пилот-проектот против екстремните жештини, јавува Национална географија. 

Температурата на темниот асфалт е 20 Целзиусови степени повисока од реалната температура, затоа што црната боја привлекува и зрачи топлина, вели градскиот инженер на Доха Сад ел Досери за катарските медиуми.

Дирекцијата за јавни работи во Катар, заедно со јапонска компанија, започна со спроведување на експериментален проект, а во моментов бојадисана е само една централна улица во градот.

Фарбањето на асфалтот ќе помогне температурата да се намали за 15 до 20 степени, а и да се продолжи животниот век на асфалтот. Температурата во централните улици на Доха, каде што нема дрвја, може да достигне 50 степени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата