Галеб украл кеса со марихуана и спасил маж од апсење

25.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Галеб украл кеса со марихуана и спасил маж од апсење

Маж од Шведска успеал да избегне апсење кога галеб од раката му ја украл кесата со марихуана и одлетал со неа.

Бизарната кражба се случила пред очите на полициските службеници кои биле на чекор да го приведат откако ја здогледале кесата во неговите раце.

Полицајците во цивилки патролирале на Фестивал на културата во Гетеборг кога забележале жена како слободно пуши марихуана, а додека приоѓале го затекнале и мажот кој немарно се обидувал да ја сокрие кесата со дрогата. Во тој момент се појавил галебот, а полициските службеници останале без својот „улов“. Тие стоеле и гледале како доказите исчезнуваат кон небото“, пренесуваат медиумите во земјата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата