Во претходниот период дознавме доста детали за Redmi Note 8 Pro, преку различните официјални тизери, но и неофицијалните протечени информации. Сега Redmi конечно објави и некои информации за стандардниот модел – Redmi Note 8.

Според информациите од најновиот тизер, Redmi Note 8 ќе користи Snapdragon 665 чипсет, а не Helio G90 како што претходно се претпоставуваше. Судејќи според бенчмарк текстовите, Snapdragon 665 заостанува многу малку зад Helio G90T SoC, но и натаму се работи за еден од најдобрите и најпопуларни чипови кои производителите ги користат во телефоните од средниот сегмент.

Новиот тизер открива и дека Redmi Note 8 ќе има четири камери на задната страна, но се уште не епознато дали ќе користи 64MP сензор, како и Pro верзијата.

Redmi Note 8 серијата смартфони ќе биде официјално претставена на 29. август, а веќе забележа преку милион регистрации на оние кои се заинтересирани за овие модели.

 

извор: USB.mk

1

Најчитани вести