Доколку овие гласини се точни, тогаш ќе се потврди дека главниот фокус на кинеската компанија во иднина ќе биде продолжувањето на траењето на батеријата.

Наводно новите изданија на топ моделите на паметните телефони на Huawei, поточно моделите Mate 30 и Mate 30 Pro ќе имаат поголема батерија во однос на актуелните Mate 20 и Mate 20 Pro.

Поточно, моделот Mate 30 би требало да има за 5%, додека Mate 30 Pro 7% помоќна батерија со капацитет од 4,200 mAh, односно 4,500 mAh.

Претходно се шпекулираше дека новите два модели на кинескиот технолошки гигант ќе добијат и поддршка за брзо бежично и обично полнење.

Доколку овие гласини се покажат како точни, тогаш ќе стане јасно дека новиот фокус на Huawei ќе биде кај продолжувањето на траењето на батериите кога е во прашање новата генерација на паметни телефони.

Како што пренесува Tech Radar, новите Mate 30 и Mate 30 Pro би требало да бидат претставени во текот на септември или октомври оваа година.

Извор: Tportal.hr

извор: USB.mk

5

Најчитани вести