Се знае ЗОШТО НЕ СЛАБЕЕТЕ иако држите ДИЕТА

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се знае ЗОШТО НЕ СЛАБЕЕТЕ иако држите ДИЕТА

Јадете здраво, повремено си дозволувате по некој нездрав оброк, бидејќи сте човек, редовно сте во теретана, но како да не намалувате килограми, напротив како да добивате вишок од нив.

Пред да се откажете од сè и да се препуштите на лежење и нездрава храна, проверете…

Можеби постои некоја екстра причина зошто и понатаму се дебелеете.

Еве неколку клучни:

  1. Јадете екстра солена храна

Вишокот сол во телото ја задржува водата и токму заради тоа ви се чини како да се дебелеете, а всушност, само сте надуени од вода.

  1. Имате проблеми со варењето

Ако нередовно одите во тоалет, можеби токму тоа е причината поради која имате вишок килограми. Започнете да внесувате повеќе влакна во исхраната.

  1. Дехидрирани сте

Како и вишокот на сол, така и ако не пиете доволни количини на вода, истата ќе ви се задржува во организмот.

  1. Пиете алкохол

Знаете дека и неколку чаши вино можат да се задржат и да влијаат на обемот на вашиот струк?

  1. Пиете лекови

Непосакуваните килограми можат да бидат нус појава и на некои лекови. Контрацептивните апчиња, пример, се виновник за вишок килограми кај жените.

  1. Не спиете доволно

Освен што сте уморни, исто така, можете и да насоберете вишок килограми. Причината е во тоа што недостатокот на сон прави хормоните да бидат во дебаланс и ви се зголемува апетитот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата