Дедо Мраз од трговски центар уапсен поради брутални сериски убиства

7.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дедо Мраз од трговски центар уапсен поради брутални сериски убиства

Кога полицијата од Торонто тргнала во акција за апсење на човек осомничен дека е сериски убиец, пронашла маж заврзан за кревет, се уште жив. Во потрага по докази, инспекторите го пребарале компјутерот на осомничениот. Пронашле осум фолдери именувани по осум различни мажи. Секој фолдер содржел фотографии од мажите – некои живи, некои мртви – голи тела во крзнени капути или со назапалени цигари во раката.

Во компјутерот имало и деветти фолдер, означен со името на човекот на креветот.

Со овие информации обвинителот ја запознал јавноста во текот на судењето на Брус Мекартур (67), кои канел мажи во својот дом, по што ги давел и касапел, соопшти Си-ен-ен, пренесувајќи информации од Си-ти-ви њуз.

На 29 јануари тој признал дека е виновен за осум точки од обвинението за убиства од прв степен и за смртта на Ендрју Кинсман, Селим Есен, Маџид Кајхан, Соруш Махмуди, Дин Лисовик, Скандарај Навартнама, Абдулбашир Фаизи и Кирушна Кумар.

Мекартур остатоците од телата ги фрлал во саксии за цвеќиња, а потоа ги закопувал во кањон, во близина на имотот каде го чувал алатот за својата градинарска работа. Тој бил под надзор на полицијата и бил уапсен на 18 јануари минатата година, кога донел нова жртва во својот стан. Мекартур, кој исто така работел и како Дедо Мраз во локален трговски центар, тогаш бил уапсен и обвинет за две убиства.

Новите обвиненија против него биле додадени во текот на истрагата. Повеќето од неговите жртви биле имигранти од Блискиот Исток или од Јужна Азија. Некои од нив биле хомосексуалци. Жртвите имале карактеристики кои го отежнувале откривањето на злосторствата, на пример немале постојана адреса или ја криеле својата сексуална ориентација.

Обвинението го товари осомнчениот дека убиството на првата жртва, Скандарај Навартнама, го сторил во септември 2010 година.

Неговите жртви биле врзувани за кревет и сексуално злоставувани. Некои фотографии го прикажуваат и оружјето за убиство, металната прачка обмотана со јаже, која Мекартур ја користел за да ги дави жртвите.

Судењето за овој случај продолжува.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата