Катица Јанева од Боки 13 добила и бунда “Фенди”

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Катица Јанева од Боки 13 добила и бунда “Фенди”

Обвинителството треба да утврди каде завршиле 1,5 милиони евра од рекетот. Мебелот кој и бил подарен на Јанева од осомничениот Бојан Јовановски, наводно не бил ни платен во салонот од каде што бил набавен.

Фрапантно одекна информацијата што ја соопшти државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, дека Обвинителството поседува докази дека од парите стекнати во кривичното дело Јанева добила на подарок предмети и мебел во вредност од 298.000 денари или околу 5 илјади евра.
Но, тоа е она што е досега потврдено, а допрва треба да се открие каде завршиле 1,5 милиони евра и кој го делел тој колач.

Според извори од истрагата, споменатиот мебел и бил подарен на Јанева од осомничениот Бојан Јовановски, но наводно не бил платен во салонот од каде што бил набавен. По интервенции од продажниот салон, лице од 1ТВ донело одредена сума во евра како гаранција дека мебелот наскоро ќе биде платен, а по плаќањето гаранцијата во евра да им биде вратена.

Покрај мебелот, најчестите подароци што Јанева ги добила од Јовановски биле парфеми, иако во јавноста се шпекулира и за бунда „Фенди“ која чинела многу повеќе од споменатиот мебел.
Токму мебелот со полициска асистенција денеска беше изнесен од нејзиниот дом – фотелји, софа, маса и друга покуќнина, а претходно одземен беше и нејзиниот компјутер од просториите на СЈО.

Ова беше лош ден за Јанева. На нејзиното апсење и претходела веста дека утрото починала нејзината мајка, која изминативе денови била сместена во Геријатриска болница. Попладнево, пак, кратко по почетокот на нејзиниот распит во Кривичниот суд на Јанева и се слошило, па по барање на судијата била повикана екипа на Итната помош.

извор: ДВ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата