Пејачот Џастин Бибер (25), познат по голем број хитови, како Baby и What do you mean?, неодамна папараците го снимиле во Беверли Хилс.

Тој бил фотографиран во незгоден момент додека вршел работи поврзани со својот бренд на облека и сите го забележале неговиот проблем со кожата.

На фотографијата се гледа дека пејачот има сериозен проблем со кожата бидејќи на неговото лице, особено на челото, има акни, што наводно е резултат на големиот стрес што Џастин го доживеал во последно време.

Фотографиите од лицето на Џастин се раширија на социјалните мрежи. Сепак, неговите обожаватели го поддржуваат затоа што тој самиот претходно објавуваше фотографии од акни на својот инстаграм-профил не обѕирајќи се на злобните коментари.

извор: Makfax

1

Најчитани вести