(ВИДЕО) Украле паричник од количка за бебе, камерата снимила се - уапсени две Бугарки

19.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Украле паричник од количка за бебе, камерата снимила се - уапсени две Бугарки

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград ги уапсиле 33-годишната Н.С. и 23-годишната С.П., бугарски државјанки, поради постоење сомнение дека извршиле кривично дело кражба.

Постои сомнение дека тие вчера во една продавница ѝ го украле паричникот од џебот на кличката за бебе на една жена.

На осомничените им било одредено задржување од 48 часа и тие, со кривична пријава ќе бидат приведени во Првото основно обвинителство во Белград.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата