Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот на 9-годишно девојче, на автопатот Ниш-Белград.

Тие забележале човек како покрај патот стои и во рацете држи дете кое било во бесвесна состојба. Човекот се обидувал да го освести детето, кое не давало знаци на живот.

Полицајците веднаш реагирале и дошле до човекот за да му помогнат.

„Стоевме на автопатот Белград-Ниш и со радар меревме брзина на возилата, кога видовме комбе како застана, а возачот ни рече дека на патот стои маж и се обидува да ги застане возилата. Потоа и други ни рекоа дека човекот во рацете држеи дете“ раскажуваат полицајците Александар и Владан.

Тиа велат дека ситуацијата била навистина сериозна, дека сите биле потресени. Со ротационо светло возеле кон човекот и тоа во спротивна насока, па морале да им блендираат на другите возила за да сфатат дека се работи за вонредна состојба. Сликата која ја затекнале била многу потресна, раскажуваат двајцата полицајци.

„Кога стигнавме видовме татко како го држи своето дете во раце, додека главата му ја држи со лактот за да не падне, зошто беше во несвест. Мајката цело време го држеше јазикот на детето за да не се загуши. Веднаш им рековме да влезат во нашето возило и тргнавме кон Белград. Додека се возевме комунициравме со службите на итна помош за тоа каде е најдобро да застанеме и да го пренесеме детето“ се присетува Александар Миленковиќ.

Велат дека цело време не знаеле дали девојчето е воопшто живо, но кога пристигнала брзата помош тие го разбудиле детето, кое подоцна било хоспитализирано.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата