„Пу, јаз’к!“: Фатиме ја плукнала Катица преку камера

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Пу, јаз’к!“: Фатиме ја плукнала Катица преку камера

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи по наредба на Специјалната обвинителка Катица Јанева била два пати денеска претресувана при влез на своето работно место во СЈО, на што бурно реагирала, дознава Сдк.мк .

-По вториот претрес, обвинителката Фетаи првин луто гледаше во безбедносната камера, која е поврзана со канцеларијата на шефицата Јанева. Беше многу навредена. Потоа ја плукна камерата и рече: ’Пу, јаз’к!‘“, тврдат за САКАМДАКАЖАМ.МК очевидци на настанот.

Фетаи потоа се стрчала горе во нејзината канцеларија да бара објаснување зошто Јанева ги понижува обвинителите и вработените во СЈО на ваков начин. Но, не ја нашла. По извесно време пак отишла кај неа, но наишла на затворена врата. Секретарката не ја пуштила внатре.

Фетаи за медиумите рече дека одбила да биде претреувана бидејќи е обвинител, а не осомничена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата