Почина Злате Тодоровски, основачот на РТВ Кис од Тетово

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина Злате Тодоровски, основачот на РТВ Кис од Тетово

По кратко боледување, во својата 64-та година утрово почина Злате Тодоровски, основач и сопственик на регионалната Радио и телевизија Кис од Тетово, еден од првите медиуми во самостојна Македонија која остави длабока медиумска трага, особено во тетовскиот регион каде беше највлијателен регионален медиум со децении.

Злате Тодоровски работеше и го водеше РТВ Кис речиси три децении, беше почитуван во јавноста и меѓу колегите, сидро на македонскиот дух во полошкиот регион, силен поборник за создавање и опстанок на македонската традиција, култура и творештво кое без активностите на Злате и неговата РТВ Кис многу пати ќе беше доведена во искушение и потиснување. Погребот на Злате Тодоровски ќе се одржи утре, на 18 август, во неговото родно место во селото Жилче, тетовско.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата