Охриѓанец тешко повреден откако бил прегазен од сопственото возило

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Охриѓанец тешко повреден откако бил прегазен од сопственото возило

Охрижанец е тешко повреден откако се обидувал да влезе и да го сопре возилото коешто само почнало да се движи наназад. Како што информира полицијата, вчера во 14,15 часот било пријавено дека во Охрид, на локалниот пат кон место викано Чекоштина, кај крстосницата која води кон „Сончева порта“ и локален неасфалтиран пат за с.Орман, Л.В.(59) од Охрид, го паркирал возилото ,,Хјундаи Аксент“ со охридски регистарски ознаки и излегол од него.

Бидејќи возилото не било обезбедено, почнало да се придвижува наназад, по што Л.В. се обидел да влезе во него, но не успеал, а возилото продолжило да се движи прегазувајќи го. Тој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата