Мадона напорно вежба за турнејата во септември

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мадона напорно вежба за турнејата во септември

Поп-дивата Мадона (60) неодамна го објави новиот албум наречен „Мадам X“, па веројатно поради тоа е постојано присутна во медиумите во изминатите два месеци.

Пејачката напорно вежба за своите настапи во склоп на турнејата „Мадам Х“, и тоа со таква леснотија што во исто време може да ги гледа вестите на својот мобилен телефон. Таа на својот инстаграм-профил објави видео кое во краток период имаше речиси 800.000 прегледи.

„’Мадам Х’ се подготвува за денот“, напиша Мадона во описот на објавеното видео.

„Како можете да бидете толку флексибилни на 61 година?“, еден од нејзините обожаватели го коментираше видеото.

Турнејата за која пејачката се подготвува ќе почне во Њујорк на 12 септември.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата