Катица Јанева се уште нема добиено никаква покана од Јавното обвинителство

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Катица Јанева се уште нема добиено никаква покана од Јавното обвинителство

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава изјави за случајот „Рекет“ дадоа две специјални обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, oбјави порталот „Сведок“.

Засега од таа институција не откриваат дали и кога ќе биде повикана шефицата во оставка Катица Јанева.

Катица Јанева се уште нема добиено никаква покана од Јавното обвинителство, а државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прашањето дали и кога ќе биде повикана, одговори дека однапред не објавуваат поради непречено одвивање на истрагата и обезбедување на доказите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата