Кремељ: Руските научници се шпионирани 24 часа на ден

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кремељ: Руските научници се шпионирани 24 часа на ден

Руските научници се под надѕор на странски шпиони 24 часа на ден, соопшти Кремељ, во моменти кога во научните кругови владее загриженост поради новите рестрикции кон контактите со странство.

Руското Министерство за образование и наука најави зајакнување на контролите на состаноците на кои учествуваат странци и го ограничило нивното присуство во научните институти, како и нивната употреба ма електронски уреди.

Исто така се бара посебна дозвола алп руски научник има состанок надвор од работното време со некои странски колеги. Научникот има обврска потоа да напише извештај за состанокот.

Многумина руски истражители ги осудиле овие мерки кои ги сметаат за апсурдни и нереални. Тие оцениле дека мерките можат само да ја зголемат изолацијата на Русија и дека им ја загрозуваат работата. Исто така, стравуваат од враќање на советската ера, кога научниците можеле да дат на состаноци со странски колеги единствено во придружба на трети лица.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата