Данската полиција денеска соопшти дека е уапсен 22-годишен шведски државјанин поради минатонеделната експлозија пред даночната канцеларија во Копенхаген, каде што едно лице е полесно повредено.

Во исто време, беше распишана меѓународна потерница за друго 23-годишно момче, исто така од Шведска.

Началникот на полицијата во Копенхаген, Јерген Берген Сков, изјави дека осомничениот е уапсен вчера од шведската полиција и дека е запленето возило.

Експлозијата пред зградата на Даночната управа во Копенхаген е пријавена на 6 август, а четири дена подоцна пред блиската полициска станица. Сепак, полицијата не ги поврза двете експлозии, пренесува АП.

извор: Makfax

0

Најчитани вести