Силно невреме го зафати регионот, авиони од Сараево пренасочени во Белград и Загреб

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силно невреме го зафати регионот, авиони од Сараево пренасочени во Белград и Загреб

Силно невреме и намалена видливост во Сараево предизвикаа проблеми во доцните попладневни часови и протокот на воздушниот сообраќај. Два авиони не успеаја да слетаат и беа пренасочени кон аеродромите во Белград и Загреб, пренесува порталот Кликс.

Авион на компанијата „ФлајДубаи“, кој летал од Дубаи кон Сараево требало да слета на аеродромот во Сараево во 5.55 часот. Тој кружел околу половина час, но не успеал да слета и полетал за Белград.

Авионот „Јуровингс“ од Штутгарт, кој требало да пристигне во 17.10 часот, бил пренасочен кон Загреб, по 10-минутно кружење над сараевскиот аеродром.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата