Кошмарот на Заев продолжува, Мицкоски со ова РЕШИЛ ДА ГО ДОВРШИ

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кошмарот на Заев продолжува, Мицкоски со ова РЕШИЛ ДА ГО ДОВРШИ

Еден од најголемите скандали кои му се сличи на Заев е секако денешната изјава на градоначалникот на Сарај дека кај него ургирал за гласање во Судскиот совет, каде ДУИ има свои избраници, за да се разреши - претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски. Ова е најдиректен доказ даден од место на функционер на ДУИ за тоа како Заев го злоупотребува судството и мести судии дури и на највиско ниво, во Врховниот суд, што е само по себе доволно за оставка на Заев и негова понатамошна одговорност.

Да се потестиме, и во случајот Рекет со Боки Тредичи слушаме како му објаснува на Орце Камчев дека Катица Јанева ја средила работата на Врховен суд, а еве го сега Заев како бара отстранување на претседателот кој не е негов избор и соработник.

Заев одговори дека имало таков разговор со градоначалникот на Сарај но, се обидува да ги скрие намерите велејќи дека се зборувало за тоа како некој  го штити претседателот Јово Вангеловски но, после се тешко дека некој ќе му поверува на Заев.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес му постави уште неколку прашања на Заев, сите во врска со криминал, на кои бара одговор:

... а Васко Ковачевски за тендерите со ископот во РЕК Битола за што разговараше?
... а Китанов за експресниот пат Штип-Радовиш за што разговараше?
... а Филипче за тендерот за стерилизација во Италија за што разговараше?
... а вие господине Зоран Заев со ДАН Дончев и Киче за оние 11.000.000€ се сеќавате од Диамед за што разговаравте?

ПС: ќе има уште прашања во периодот кој следи...

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата