Стручњаци од Универзитет во Бразил успеале да ги натераат ќелиите на рак на дојка да се претворат во сало и со тоа да станат целосно безопасни.

За да постигнат такво нешто тим на научници го следеле чудниот пат на метастазираните ќелии на рак. Нивниот успех е само прв чекор, но напредокот е доста ветувачки.

Кога ќе пресечете прст или кога фетусот почне да формира органи, ќелиите на епителот почнуваат да се менуваат во една врста на матични клетки по име мезенхимски матични келии, кои потоа повторно се претвораат и формираат во ткиво кое е потребно на телото.

Овој процес е познат како епитално- мезенхимска транзиција (ЕМТ), а веќе извесно време е познато дека ќелиите на рак со овој или спротивен процес, мезенхимско-епитална транзиција (МЕТ), можат да се шират низ телото и да метастазираат.

Поради тоа истражувачите на глувците им вбризгале агресивен облик на рак од дојка од пациентка, а потоа глувците ги третираат со два лека “росиглитазоне“ и “траметиниб“ ("rosiglitazone" и "trametinib").

Благодарение на лековите, ќелиите на ракот, наместо да се прошират во теко на метастазирање, се претвориле во масни ќелии, по пат на процес кој се нарекува адипогенеза (adipogeneza).

“Резултатите покажуваат дека терапијата индуцирала адипогенеза во ќелиите на рак“, се наведува во студијата. И покрај тоа што сите ќелии на рак не се претвориле во сало, тие останале исти.

“Малигните ќелии кои поминале процес на мезенхимско-епитална транзиција (МЕТ), целосно прекинале да се шират. Она што го видовме во долгорочните експерименти е тоа дека не постои повратен процес откако ќелиите на рак се претвораат во масни ќелии“, истакнал Герхард Кристофор, биохемичар на Универзитетот во Бразил.

6

Најчитани вести