Зошто Блага Петреска не се омажи повторно?

12.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зошто Блага Петреска не се омажи повторно?

Блага Петреска Македонската пејачка на изворни и новокомпонирани песни, пред камерите е секогаш насмеана и весела, но низ годините се соочувала со  непријатни предизвици за кои таа многу ретко зборувала во јавноста. Била многу млада кога пoчинaл нејзиниот сопруг и никогаш повторно не се омажила.

– Мене ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама одлучив да не ги повpeдам моите деца затоа што тие многу го сакаа татка си. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хоноpaрно за ништо да не им фали, само да учат, да завршат факултет.. Така и бидна.

Децата се гордеат со мене и јас со нив. Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка со потекло од Русија која сега е права Македонка. Ќерката и зетот исто така среќни живеат во странство. Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала – раскажува Петреска за „Свет Австралија“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата