Трипуновски: Сериозни сомнежи за појава на болеста антракс кај македонскиот добиток

11.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трипуновски: Сериозни сомнежи за појава на болеста антракс кај македонскиот добиток

Постојат сериозни сомнежи дека кај добитокот во делови од Република Македонија се појавила заразната болест антракс, болест која многу лесно може да се пренесе од животно на човек, изјави на прес-конференција членот на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.

Тој повика властите да одговорат дали е точно дека на ветеринарниот факултет се испитува примерок од угината овца каде е детектирана болеста антракс.

„Дополнително власта мора да одговори зошто околу 30-ина вработени на Факултетот за ветеринарна медицина ја посетиле инфективната клиника во Скопје и се моментално под терапија. Дали истите се заразиле од опасната болест и дали е спречено нејзиното ширење, доколку ја има“, запраша Трипуновски.

Членот на опозициската партија нагласи дека директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство и министерот за земјоделство мора да одговорат дали се преземени сите законски мерки за спречување на ширењето на заразната болест и дали жителите од заразеното подрачје се посетени од страна на стручни лица од центарот за јавно здравство за да се заштитат луѓето.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата