(Видео) Спасовски: Прилеп е безбеден, преземени се дејствија за школската бомба во кафулето

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Спасовски: Прилеп е безбеден, преземени се дејствија за школската бомба во кафулето

Министерот за внатрешни работи кој денеска беше во посета на Полициската станица во Прилеп и локалната самоуправа смирува дека безбедносната состојба во општината е стабилна.

Во врска со инцидентот кога во кафуле во петокот за време на „Пивофест“ беше најдена школска бомба, министерот образложи дека бомбата немала експлозивно полнење и никој не е повреден, а полицијата работи на расчистување на случајот и веќе има преземени дејствија.

Тој во изјава за медиумите, потенцира дека МВР ги презема сите неопходни мерки за санкционирање на било каков криминал, а особено на организираниот криминал и корупцијата.

„Ја користам и оваа прилика преку вас медиумите да ги повикам граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на корупција, заеднички да се бориме против криминалот и корупцијата. Гледате дека граѓаните се сега охрабрени затоа што гледаат дека институциите функционираат. Ние докажавме дека за нас криминалот не познава партиски и други бои и дека принципиелно и бескомпромисно сме за борба против него. Законите важат за сите, а  ние јасно покажуваме дека преземаме мерки против сите: политичари, вработени во МВР, без никаков пардон. Така и ќе продолжиме“, рече Спасовски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата