МВР: Не е вистина дека Бојан Јовановски користел обезбедување од министерството

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МВР: Не е вистина дека Бојан Јовановски користел обезбедување од министерството

Министерството за внатрешни работи го демантира директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски во врска со изјавата дека Бојан Јовановски имал службено обезбедување од МВР поради добиени закани по емитување на емисијата „Инсајдер“.

„Бојан Јовановски немал службено обезбедување од МВР. Непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дезинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дезинформации“, велат од МВР во демантот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата