Салвини: Доста е веќе со одлуки кои се носат само во Париз и Берлин

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Салвини: Доста е веќе со одлуки кои се носат само во Париз и Берлин

Франција и Германија не можат да ја креираат миграциската политика, без да ги земат предвид барањата на земјите погодени од миграцијата, како што се Италија и Малта, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини.

Салвини го напиша ова во писмо до францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер.

„Доста е веќе со одлуки кои се носат само во Париз и Берлин. Италија повеќе не сака да ги прифаќа сите мигранти кои пристигнуваат во Европа”, напиша Салвини на „Фејсбук“, како дополнување на писмото испратено до Кастанер.

Во своето писмо тој тврди дека на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Хелсинки во четвртокот, голем број министри ги изразлиле своите позиции кои биле поблизу до онаа на Италија за миграционата политика, вклучувајќи ја и потребата за заштита на надворешните граници на Унијата и Шенген зоната.

На состанокот во Хелсинки, Италија и Малта предложија текст кој обезбедува привремен прием и идентификација на мигранти во соседните мигранти.

„Овој документ треба да послужи како камен-темелник на сите идни дискусии“, рече Салвини пред состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ, што ќе се одржи утре во Париз.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата