Со солзавец и гумени куршуми, полицијата во Хонг Конг ги растера демонстрантите

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со солзавец и гумени куршуми, полицијата во Хонг Конг ги растера демонстрантите

Полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите во Хонг Конг кои и денеска се собраа на антивладини протести.

Демонстрантите претходно го уништија кинескиот национален симбол на зградата на Канцеларијата за врски, која ја претставува кинеската власт во градот.

Протести во Хонг Конг се случуваат веќе неколку недели, а честопати завршуваат со судири помеѓу полицијата и демонстрантите.

Протестите почнаа по носењето на законот за екстрадиција, што дозволува на жителите на Хонг Конг да им се суди во Кина, но оттогаш прераснаа во пошироко движење. Демонстрантите повикуваат на демократски реформи, универзално право на глас и запирање на ограничувањето на слободите во полуавтономната територија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата