Британскиот министер за финансии најави оставка ако Џонсон стане премиер

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британскиот министер за финансии најави оставка ако Џонсон стане премиер

Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, изјави дека ќе поднесе оставка доколку Борис Џонсон да стане премиер, додавајќи дека никогаш нема да се согласи со неговата стратегија за брегзит без договор со Брисел.

„Сигурен сум дека нема да бидам отпуштен затоа што ќе поднесам оставка пред да стигнеме до тоа“, изјави Хамонд за „Би-би-си“, под претпоставка дека Џонсон ќе биде тој кој ќе ја замени Тереза Меј на премиерската функција во кралството.

Во вторник ќе биде соопштено името на новиот премиер за кој гласаат 160.000 членови на владејачката Конзервативна партија. За оваа функција се бори и шефот на дипломатијата Џереми Хант, но сепак Џонсон важи за фаворит.

Новиот премиер во среда официјално ќе стапи на должноста.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата