Охридско езеро цела година без концесионер, РИБОКРАДЦИТЕ НАПРАВИЈА ПУСТОШ

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Охридско езеро цела година без концесионер, РИБОКРАДЦИТЕ НАПРАВИЈА ПУСТОШ

Државата го остави езерото без стопан, една година нема кој да се грижи за зачувување на рибниот фонд на Охридско и да го заштити од рибократци. Бидејќи концесионер нема, сега во водите на езерото се врши масовно риборакадење,а згора на се’ поради сериозни пропусти во процедурата за избор на нов концесионер, неизвесно е како ќе заврши целата постапка.

Пред безмалку еден месец на владина седница помина одлуката струшката фирма „Летница – Белвица Милорад“ да биде концесионер на Охридско Езеро. Сега спорниот стопан, на електронската аукција понудил највисок надомест за концесија во вкупен износ од близу 10 милиони денари, за период од 6 години, со обврска за рекреативен риболов на државата да и плати концески надомест од 100 отсто од вредноста на издадените дозволи. Но, во меѓувреме воочени се пропусти во начинот на кој се спровела тендерската постапка.

При отворањето на понудите, недостасувал документ за финансиската способност на фирмата чиј сопственик имал негативна референца во оваа област поради што не смеел нити да учествува во процедури на јавни набавки и концесии. Бидејќи тој поднел документи, наместо веднаш да биде отстранет од процедурата и против него да биде поднесена пријава, фирмата „Летница – Белвица Милорад” е избрана за нов концесионер. За скандалот со концесионирањето, ресорниот министер крева раменици.

И додека Димкоски уверува дека езерото мора да се издаде под концесија, природонаучниците се со поделени мислења околу прашањето дали на Охридско езеро му треба концесионер?

Доколку има концесионер кој што исклучиво води сметка само за приходот, а не води доволно грижа за заштитата на рибната популација, тогаш сите напори паѓаат во вода-велат нашите соговорници. И двајцата потенцираат дека државата треба многу повеќе да вложи во физичка заштита на рибниот фонд и езерото, посебно сега кога статусот под капата на Унеско ни виси.

Извор: Алфа

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата