СЕ ЗНАЕ КОЈ ГО ИЗМАЧУВАЛ И ЗАПАЛИЛ кучето во селото Стојаково

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕ ЗНАЕ КОЈ ГО ИЗМАЧУВАЛ И ЗАПАЛИЛ кучето во селото Стојаково

Грозоморниот случај на кој вчера сведоци беа стојачани во кој куче прво било тепано со вила па спалено живо со бензин е пријавен во полиција, информираат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“.

Покрај пријавата оттаму велат дека полицијата е веќе на терен, а од прибраните докази постои и сомнение за можниот сторител.

„Воедно согласно податоците кои ги обезбедивме знаеме кој е сторителот и бараме најстрого да одговара“, велат од здружението.

По бурните реакции на јавноста се јави и градоначалникот на општина Богданци, Шапов, кој на својот Фејсбук профил го осуди настанот и побара од надлежните органи да превземат мерки за пронаоѓање на сторителот и истиот најстрого да биде казнет.

Во своето излагање на Фејсбук, Шапов не изостави и да го спомне стационарот за кучиња, кој по ново наместо во Гевгелија ќе се гради во Валандово и треба да помогне во решавање на проблемот со кучињата скитници, проект најавен пред повеќе од една година, но сè уште не е реализиран.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата