Отворена плажата во Фукушима, осум години по нуклеарната катастрофа

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Отворена плажата во Фукушима, осум години по нуклеарната катастрофа

Отворена е плажата Китаиѕуми во близина на нуклеарната централа Фукушима 1, за првпат по нуклеарната катастрофа која се случи во 2011 година.

Плажата која била многу популарна меѓу сурферите пред катастрофата, се наоѓа на околу 25 километри северно од нуклеарната централа. Тука во минатото се одржувале национални и светски првенства.

„Пораснав во морето. Првпат се враќам тука по девет години“, изјави Сајака Мори чијашто куќа ја однело цунамито.

Земјотресот што се случи во март во 2011 година,  предизвика цунами и доведе до тројно истекување во нуклеарката. Загинаа околу 18.000 луѓе.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата