Спецификациите и рендерите на Motorola One Action смартфомпт веќе се појавуваа порано, а се очекува дека официјалната објава на уредот ќе следува наскоро. Во меѓувреме, телефонот доби Android сертификација од Google и се наоѓа на листата на сајтот на компанијата за Enterprise Recommended уредите.

Листата вклучува фотографија на One Action моделот, кој изгледа слично на One Vision телефонот, објавен во мај. Исто така, потврдени се некои спецификации, како што се 6,3-инчен дисплеј, 4GB RAM, 128 GB простор за складирање и Android Pie софтвер. Телефонот ќе има NFC чип, како и сензор за отпечатоци од прсти сместен на задната страна.

Motorola One Action би требало да има Exynos 9609 чипсет и три камери на задната страна. Главниот сензор ќе има 12.6 MP резолуција, а спомената е и широкоаголна камера со FOV од 117 степени.

Засега нема информации за тоа кога Motorola би можела официјално да го претстави One Action телефонот.

извор: USB.mk

1

Најчитани вести