(Видео) Арсовски: Заев на штета на граѓаните ги крие Кики и Фрики зошто веројатно рекетирале со негова дозвола

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Арсовски: Заев на штета на граѓаните ги крие Кики и Фрики зошто веројатно рекетирале со негова дозвола

Катица Јанева заедно со нејзиниот син Лазар Јанев и Боки 13 рекетирале, уценувале и вршеле притисоци врз бизнисмени и политичари, посочи денеска на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој нагласи дека и ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски биле предмет на уцени и притисок од Катица Јанева.

„За тоа како што рековме има и сведок кој може да посведочи доколку биде повикан претседателот во обвинителството“, рече Арсовски.

Портпаролот додаде дека Боки 13 заедно со врвот на власта, односно со врвот на СДСМ преку најблиските соработници на Зоран Заев, кои, како што рече, ја уживаат неговата доверба, се стекнале со изнуден рекет во вредност од десетици милиони.

„СДСМ и Заев по цена на штета на сите граѓани, ги кријат и се обидуваат да ги заташкаат раководните луѓе од врвот на СДСМ што рекетирале преку СЈО или таканаречените Кики и Фрики на кои што се уште им го кријат идентитетот. Дали затоа што и Зоран Заев знаел и затоа тој самиот ги штити бидејќи со негова дозвола рекетирале“, запраша Арсовски.

Тој исто така уште еднаш го отвори прашањето каде е Катица Јанева и дали е направен распит на неа и на нејзиниот син.

„Зошто не се соопштува колку прислушувани и снимани разговори таканаречени ‘бомби’ се најдени кај рекетарите наменети за приватни цели и дали истите тие во моментот се уште кружат и се пуштени во промет за да може и други да ги рекетираат истите оние лица кои што биле предмет на уцена“, запраша портпаролот на опозициската партија.

На крајот тој порача дека Зоран Заев и СДСМ кои, како што рече, се мозоците на оваа афера за рекетирање, веднаш треба да си поднесат оставки и да распишат предвремени парламентарни избори.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата