Како се полни депонијата Мауцкер повторно со КОМУНАЛЕН ОТПАД (ФОТО)

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како се полни депонијата Мауцкер повторно со КОМУНАЛЕН ОТПАД (ФОТО)

Се полни ли депонијата Мауцкер повторно со комунален отпад? Читател на ОХРИД 24, утрово до нашата редакција испрати фотографии на кои се гледа како камион на ЈП „Охридски комуналец“, полн со отпад влегува во депонијата.

 
 
Инаку депонијата Мауцкер пред околу десет месеци, како што се пофалија тогаш од јавното претпријатие, беше расчистена, а за таа цел беа потрошени два милиони денари. Притоа беше кажано дека во иднина локацијата тековно ќе се одржува односно ќе се следи ситуацијата за да се спречи повторно одлагање отпад на тоа место.

Очигледно тоа повеќе на важи, па токму оние кои тоа го велеа, денеска повторно одлагаат отпад на Мауцкер.

ОХРИД 24

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата