СЕ БУДИТЕ СО ПОДУЕНО ЛИЦЕ? Ова е причината

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕ БУДИТЕ СО ПОДУЕНО ЛИЦЕ? Ова е причината

Што и да правите, вашето лице секое утро изгледа дупло поради подуеност? Студени облоги и маските се добро решение. Но, најдобро е да се отстрани причината, отколку да се лечат последиците.

Поуденост на лицето во утринските часови

Причината за подуеноста на лицето во утринските часови може да биде одреден вид на храна која сте ја консумирале претходниот ден, за вечера. Одредени видови на храна ја задржуваат водата во организамот и буквално го зголемуваат вашето лице додека спиете, давајќи му го подуениот изглед.

Кои видови на храна придонесуваат за подуеност на лицето

1. Брза храна

Во брзата храна има преголемо количество на сол, а тоа доведува до задржување на течноститие во организамот, што пак резултира со подуен изглед.

2. Полуготови производи

Слично како и кај брзата храна, полуготовите производи како што е сувомеснатото и колбасите, се полни со сол, но покрај сол има и други вештачки додатоци кои му штетат на телото. Доколку претпочитате месо за вечера, изберете парче чисто месо или риба.

3. Зеленчуци

Зеленчуците се извонреди и многу корисни за нашето здравје, но подобро е да ги консумирате за појадок, бидејќи тие може да формираат гасови во организамот, што ќе доведе до подуеност на лицето.

4. Конзервирани маринирани зеленчуци

Конзервираниот зеленчук содржи вишок шеќер и сол, кои ја дехидрираат кожата и доведуваат до нејзина подуеност. Подобро е зеленчуците да ги консумирате во свежа форма и за појадок.

5. Алкохол

Доколку не сте биле засегнати од непријатните ефекти на мамурлакот, тогаш посебно обратете внимание на изгледот на вашето лице следното утро. Алкохолот не само што ги задружува течностите во организамот, туку и го зголемува бројот на токсини во човечкото тело.

6. Слатко

Слатките шеќерни производи не само што лошо влијаат врз нашата телесна тежина, туку и врз самото лице. Доколку навистина не можете без слатко, тогаш консумирајте сушени овошни плодови и така ќе ја спречите појавата на подуеност на лицето.

Но, не заборавајте дека не треба да се претерува ниту со суштените овошја, бидејќи и во нивниот состав има шеќери.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата