Цуцуловски до ШАРЕНИТЕ: Тоа што се каете не ве ослободува од ОДГОВОРНОСТ

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цуцуловски до ШАРЕНИТЕ: Тоа што се каете не ве ослободува од ОДГОВОРНОСТ

ЗАРЕМ ТОЛКУ… Слушам и читам како некои од шарените „револуцинери“ тврдат дека, и покрај сите глупости и мизерии што досега се направени, нивната цел, како и нивната борба биле во ред.

Како не можат да сфатат дека со примитивизам примитивизмот не може да се уништи; дека со недемократија демократија не може да се воспостави; дека неукоста и импровизација со импровизација и неукост не можат да се победат?

Заерем не сфаќаат дека со секое средство не може да се оствари секоја цел, макар била и најчиста; и дека целта, токму затоа, ги бира/определува средствата? Зарем не сфаќаат, колку и да се кајат, дека не можат да се ослободат од одговорноста за тоа што го подржувале, создавале и раѓале?

Барем толку би можеле да разберат, кога би биле искрени кон себе. И, кога тоа навистина би го разбрале, тогаш би замолчале и би се повлекле во себе, наместо и понатаму да објаснуваат дека биле во право.

Фејсбук објава на Проф.д-р Љубомир Цуцуловски

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата