Осум мртви при бомбашки напад во Пакистан

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осум мртви при бомбашки напад во Пакистан

Најмалку осум луѓе загинаа, а 26 се повредени кога жена бомбаш-самоубиец се разнела пред болница во пакистанскиот град Дера.

Одговорноста за нападот ја презеде групата позната како Пакистански талибанци, чиј портпарол, истакна дека станува збор за одмазда поради убиство на двајца талибанци пред еден месец.

Во експлозијата е уништен ургентниот оддел на болницата, поради што некои од повредените се пренесени во други градови.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата