Ако влегувате во Прилеп, мора да платите за тоа!

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако влегувате во Прилеп, мора да платите за тоа!

Почетокот на овогодинешната манифестација „Пиво Фест 2019” кој се одржува во Прилеп започна со скандал, пренесува порталот Аутоклуб.

Имено на влезовите во градот како и транзитните точки поставени се бариери на кои се наплаќа доколку сакате да влезете, но и поминете во Прилеп со цел да стигнете до вашата дестинација која не е Прилеп.

Нивни читател ги контактираше со цел да го искаже својот револт и незадоволство. Како што им пренесе, тој за да стигне до својата крајна дестинација, Македонски Брод морал да плати за да помине.

„Им објаснив дека мојата крајна дестинација не е Прилеп и дека не планирам да се задржам во градот. На ова лицата кои беа поставени на бариерите со мала доза на ароганција кажаа дека така им било наредено без да прецизираат кого. Јас повторно им објаснив дека патувам во Македонски Брод и ги прашав од каде треба да одам за да не платам, но тие повторно арогантно одговорија дека мора да платам за да поминам и дека нема друг начин” кажа нашиот револтиран читател.

„Не ми значеа ништо 60те денари во споредба со нивното дрско однесување. На целата оваа ситуација јас им одговорив дека не ми се допаѓа, на што добив одговор дека и на нив не им се допаѓаат скопјаните” додаде нивниот читател.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата