Рекет почна со одземање имот на Зоки Кичеец, засега за 1 милион евра

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рекет почна со одземање имот на Зоки Кичеец, засега за 1 милион евра

По барање на Јавното обвинитеслтво за организиран криминал и корупција, а по издаден налог на Судија на предходна постапка, кој постапува по Кривичниот Предмет -„Рекет“, во кој се осомничени Боки13 и Зоран Милевски-Кичеец, во Охрид извршено е одземање на подвижни предмети.

Имено, МВР по добиен налог од судија на претходна постапка, во Охрид одземало луксузни џипови, чија вредност изнесува околу 500.000 евра, мотори-квадрицикли, брзински мотори, скутери за на вода и луксузен пловен објект – глисер-Бомбардер, сите во сопственост на Зоран Милевски-Кичевски или во сопственост на неговите фирми, тврди порталот ОхридСкај.

Вредноста на запленетите подвижни предмети изнесува над 1.000.000 евра. Како што пишува порталот, најверојатно Јавното обвинитеслтво за организиран криминал и корупција ќе бара замрзнување и оддземање на поголем движен имот, кој Кичеец го поседува во атрактивни делови во Охрид, а кој имот се проценува на над 2.000.000 евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата