Боки 13 рекетирал, а КАКО СДСМ ИМ ЗАВРШИ РАБОТА НА БРАЌАТА ОРДАНОСКИ ДА ДОБИЈАТ МИЛИОН ЕВРА!

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боки 13 рекетирал, а КАКО СДСМ ИМ ЗАВРШИ РАБОТА НА БРАЌАТА ОРДАНОСКИ ДА ДОБИЈАТ МИЛИОН ЕВРА!

Скандалот Рекет откри дека СЈО, засега за почеток утврдено само за шефицата Катица Јанева, го користеле за рекет и заработка на милиони евра. Досега ова е познато за рекетирање на Орце Камчев, но ОЈО објави дека се пријавуваат и дриги бизнисмени кои имале слична судбина и се очекува проширување на списокот на лица кои рекетирале со доверливи материјали на СЈО по што се одлучувало кој ќе биде гонет, а кој не. Додека едни рекетирале СЈО за другите создаваше лажна слика дека се бескрупилозни и насилни во истрагите задоволувајќи ја гладта на дел од јавноста за сурова политичка одмазда.

Но, паралелно со тоа СДСМ освен што соработуваше со шефицата на СЈО во криминалите за што е доказ и проектот 1ТВ, плаќаше од државни пари таканаречени експерти, медиуми и новинари да ја создаваат и шират пропагандата за потреби на СДСМ и нивниот партнер СЈО. Пропагнадата ги дигна Заев и Катица Јанева до ниво на култ, познат во историјата на современата политика во култивизмот на семоќниот и безгрешен Дуче, основачот на фашизмот Бенито Мусолини.

За таа цел измислија фондови преку кои со пари од државната каса вршеа пропаганда против мнозинството граѓани кои не се гласачи на СДСМ, како Фондот за иновации со буџет од фантастични 10 милиони евра, и неколку други. Патем, за дополнување, вршеа притисок и на европските фондови и УСАИД да финансираат само проекти на нивните активисти во медиумите, невладините организации и меѓу таканречените експерти за се и сешто. Јавниот простор стана окупиран и злоупотребуван секој ден.

Горан Михајловски, некогаш уредник на партиското гласило Вест, а денес на просечен и слабо читан портал сдк.мк преку својата сопруга за “иновации“ доби 250.000 евра. Порталот, агрегатор на вести Тајм со сомнителни резултати за напумпана читаност и софтверска контрола на објавени наслови и вести само од интерес за СДСМ, за што детално пишуваше Вечер, со години прима износи и до 200.000 евра годишно, а трошоци речиси и да нема. Но, читатлите примаат селективно одбрани вести за пропаганда на СДСМ и со тоа функцијата е извршена.

Најбрутален пример на криминал од СДСМ, партиски рекет врз фирми за преку нелогично и непазарно рекламирање да се полнат џебовите на партиските пропагандисти е секако порталот Мактел, познат по психолабилниот Саше Ивановски, во јавноста нарекуван Психопатико или Политико. Тој партиски портал служи за брутални навреди на политички противници со нарекувања проститутка, глупак, морон, говедо, битанга, педер, куртон, кучиња... во насловите за политичките неистомисленици или противници на Заев и СДСМ. И тоа не само во Македонија, туку и за странски државници.

Иако порталот има слаба читаност и нема основ за комерцијален интерес на огласувачите заработува од реклами на Бобо Дајнерс - сопругот на Шекеринска, Пежо каде сопственици се братучедите на Бобо Дајнерс, Тотал ТВ во сопственост на Ден Дончев кој е директор на Фондот за здравство кај Зоран Заев... па дури и на мобилниот оператор Вип како и реклама од Алкалоид, Гулф бензинските пумпи во сопственост на деновиве актуелниот Владимир Роштиљ поврзуван со скандалот Рекет, ФОН на Фијат Цаноски кој е соработник на Заев и чии компромитирачки фотографии се најдени во компјутерот на Боки 13 кој е одземен при претрес по случајот Рекет, Прилепска пивара... препарати Jamieson од Еурофарм што е фирма сопственост на ќерката на Сиљан Мицевски кој е исто така спомнуван во аферата Рекет и под истрага на СЈО... Сите наведени, плус повремените огласувачи како ЕВН и Скопска пивара, финансираат брутална партиска кампања за потреби на СДСМ и сите гадости и навреди на луѓе кои овој портал ги спроведува со години. Тие имаат одговорност како ментори на сето тоа. Ниту една фирма огласувач на Мактел нема комерцијална добивка од рекламите на порталот, добивката тие ја очекуваат потоа од СДСМ и во неколку наведени случаи од СЈО. Тоа е пример за кругот на рекет помаган од СЈО и СДСМ за медиумска пропаганда.

За да биде уште појасно. Петте најчитани и највлијателни њуз портали: Курир.мк, Вечер.мк, Република.мк, Плусинфо.мк и Сител.мк немаат ниту еден од наведените огласувачи иако кај нив е најсилен комерцијалниот интерес за рекламирање. Причината е што ниту еден од нив не врши работа кај СДСМ и СЈО.

Последно што боде очи и упатува на сериозен криминал кој кога-тогаш мора да се истражи е случајот на браќата Сашо и Ванчо Орданоски. Првиот себе се претставува за експерт, а вториот не се ни претставува, туку само наплаќа. 

Сашо Орданоски е дел од новинарската екипа на Боки 13 на неговата 1ТВ и самото тоа е веќе упатство дека е дел од злосторничко здружение за партиски потреби плаќано од пари од рекет бидејќи на сметката на 1ТВ никогаш немало пари за подмирување на големите плати на Орданоски и сличните, туку им се плаќало со кеш од рекетот. Орданиски секогаш бил корисник на сомнителни пари, без оглед дали е тоа од времето на неделникот и печатницата со косовски капитал Форум, или денес. Според информации кои со месеци се изнесуваат на Твитер Сашо Орданоски под власта на СДСМ заработил 600.000 евра од наводни консултантски услуги и плус има сертификат со кој има пристап до доверливи полициски материјали - комбинација како создадена за рекет.

Неговиот брат, Ванчо Орданоски, од фамозниот Фонд за иновации добил 350.000 евра за мала безвредна апликација која никогаш не е ставена во функција и која, патем, е плагијат на индиски автори за што е веќе пишувано и кај нас. Заедно, тие заработиле близу 1 милион евра со помош и под менторство на СДСМ. Откако ова беше откриено Ванчо Орданоски избега од јавноста, и ги затвори своите профили на социјалните мрежи. Пропагандата на СДСМ е пуштена на најјако, и платена најскапо во светот мерено по учинок, и тоа од ваши пари. 

А вие и понатаму сликајте фискални за поврат на 40 денари од сметката и верувајте во таа пропаганда.    

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата