Вељко Одаловиќ, Генерален секратар во српското МНР и претставник во Мешовититот комитет за распределба на дипломатскиот и конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, изјави дека е завршена поделбата на објектот во Атина меѓу Србија и Македонија.

Објектот е поделен меѓу Србија и Северна Македонија, што претходно, од повеќе причини, не можеше да се направи – изјави Одаловиќ за Танјуг.

Тој ги објасни одлуките од неодамна завршениот состанок на Мешовититот комитет во Белград, пред десетина дена, кој, како што кажа, „се состана по седум години, носејќи повеќе конкретни одлуки.“

На Србија и припаднаа објектите во Франкфурт, Женева и резиденциите во Хараре, Зимбабве, а завршена е поделбата на објектите во Анкара, меѓу Србија и БиХ, и во Атина со Северна Македонија – истакна Одаловиќ.

Тој оцени дека останува да се донесат уште некои одлуки како што е физичката поделба на четири големи комплекси кои не можат да бидат предмент на распределба, како што се Бразил, Адис Абеба, Њу Делхи и Москва.

Што се однесува до Москва, до крајот на годината претставниците на земјите-наследнички во руската престолнина, на лице место ќе разменат идеи за можните модалитети на поделбата на објектот. Одаловиќ вели дека Србија е заинтересирана, доколку земјиштето не се продава, објектот да и остане во сопственост, бидејќи има стратешки интерес за земјата, и тој ќе се компензира со другите сукцесори.

За Бразил е постигнат договор за физичка поделба, а на Србија и е припаднат централниот резиденцијален дел со вкупна површина од еден хектар.

Експертските тимови треба да направат предлог за физичка поделба на објектот во Њу Делхи и се очекува дека на Србија ќе и припадне околу 1.000 квадратни метри канцелариски простор и околу еден хектар земјиште – кажа Одаловиќ.

Меѓу предметите што ќе бидат предмет на распределба се и објектите во Адис Абеба, Кипар, Букурешт, Софија, во Копенхаген и Варшава се води постапка за разјаснување на ситуацијата, се појави имот во Драч и во Тирана, стан во Лондон – изјави Одаловиќ, додавајќи дека сукцесорите барале да се реши статусот на десетина станови на воените претставништва.

Тој наведе дека во Африка, Азија, Латинска Америка и некои други земји постојат објекти кои чекаат на одлуките за сукцесија, а Србија плаќа одржување на околу 15 до 20 дипломатски објекти во повеќе земји.

Одаловиќ кажа дека со одлуката од 2006 година предвидена е заедничка продажба на пет објекти кои не можат да бидат предмет на договор и поделба, и тоа е резиденцијален стан и мисијата во Њујорк, амбасадата во Токио и амбасадите во Бон и Берн, а досега се продадени три – во Њујорк, Токио и Бон.

Има уште два други објекта за кои има постапка, тоа е мисијата во Њујорк, каде што има одредени понуди, но ние се уште не се согласивме целосно за ова, и остана Берн, како уште еден објект за кој некои земји се заинтересирани – рече Одаловиќ.

Запрашан за судбината на сликите и уметничките дела од дипломатските претставништва на Југославија, Одаловиќ истакна дека постои посебна комисија која се занимава со ова прашање во рамки на мешовитата комисија.

Кому ќе му припадне објектот, таму оди и сликата. Таму каде што има заеднички објекти или се продаваат, сликите се пренесуваат и се предмет на посебна поделба. Првиот критериум е земјата на авторот, бидејќи тие се главно слики од автори од нашите земји – рече Одаловиќ.
Тој додаде дека Интерпол води истрага за околу 50 уметнички дела кои не биле пронајдени.

Како што најави, нов состанок на Мешовититот комитет за распределба на дипломатскиот и конзуларниот имот на поранешна СФРЈ ќе се одржи кон крајот на февруари идната година во Сараево.

1

Најчитани вести