Теона Стугар Митевска во Пула доби признание Златна Арена за најдобра режија

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Теона Стугар Митевска во Пула доби признание Златна Арена за најдобра режија

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62. Филмски фестивал во Пула ја доби Златната Арена за најдобра режија.

Од „Продукција Митевски“ информираат дека петочленото жири едногласно ја има доделено оваа награда на Теона Стугар Митевска, образложувајќи дека прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот.

Ова е веќе седма награда за филмот на меѓународна сцена, а фестивалскиот живот воопшто не стивнува.

„Петрунија“ овој месец продолжува со своeто фестивалско присуство на девет фестивали низ целиот свет.

По Пула, филмот го отвори филмскиот фестивал во Одеса, Украина, од таму е филм на отварање на Мотовун Филмскиот фестивал во Хрватска, а потоа настапува во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Палич, Србија, па во Кина и Нов Зеланд.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата