Скандалозно видео се шири на Твитер – кој е Македонецот кој пали АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ?!

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скандалозно видео се шири на Твитер – кој е Македонецот кој пали АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ?!

Видео објавено попладнево на социјалните мрежи покажува човек што од купче пари вади банкноти од 100 долари и ги фрла во оган.

На видеото стои титл според кој човекот што ги пали парите е македонски бизнисмен близок на еден друг бизнисмен неодамна уапсен во голем случај и на моќно семејство од светот на политиката и бизнисот.

На твитер видеото тој фрла американски банкноти во оган, притоа благословувајќи ја Америка. Тој со пура в рака фрла пари и извикува – само со долари, да се загреам малку ми треба, ми тргна работата.

Според коментарите на социјалните мрежи, се работи за македонски бизнисмен Владимир Стајиќ Роштиљ, но тоа не е потврдено. Подолу се коментира и дека станува збор за тешко кривично дело.

Инаку, претходно Владимир Стајиќ Роштиљ на ФБ се пожали дека некои портали и новинари се однесувале како актерите во аферата Рекет и најави дека во најскоро време ќе стапи во контакт со ОЈО, бидејќи се пожали дека бил предмет на рекет од еден од уапсените во оваа афера.

Со просто прегледување на медиумите, се утврдува дека Gulf на Роштиљ се рекламирал на 1ТВ, но и на радикалните СДСМ-овски портали како Мактел и Доказ. Заклучок, Роштиљ е финансиер на СДСМ и неговите медиуми, од проста причина што Мактел и Доказ спаѓаат меѓу порталите со слаба читаност, а 1ТВ има убедливо најслаба гледаност од сите национални и кабелски телевизии.

Владимир Стајиќ Роштиљ без комерцијални причини или давал пари за реклами заради рекет или по партиски налог од СДСМ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата