Злосторството го остави водителот Ване Марковски во шок: СО КАКВИ ЛИ ЧУДОВИШТА ЖИВЕЕМЕ?!

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Злосторството го остави водителот Ване Марковски во шок: СО КАКВИ ЛИ ЧУДОВИШТА ЖИВЕЕМЕ?!

Најновиот пост на Фејсбук на водителот Ване Маркоски е поприлично потресен, а Ване со право е вознемирен. Имено, објавените фотографии сведочат за невидено злосторство направено врз мало кутре, кое е убиено и запалено. Случката е од Стојаково, Гевгелија, а Ване апелира надлежните да реагираат и психопатот кој го направил ова злодело да одговара. 

„Стојаково, Гевгелија. 2019 година. Со вакви чудовишта од луѓе ние живееме тука.
СПОДЕЛУВАЈТЕ. НЕКА ВИДИ НАРОД. Абе до кога ќе се толерираат вакви психопати?
И вие што не сакате кучиња, зарем одобрувате вакви убиства? Одобрувате ваков злостор со пакење на кутрево? Зарем мислите дека овој човек што вака ладнокрвно убил куче е во океј психолошка состојба за да шета слободно до сите вас на улица? Луѓе ве молам споделувајте да не го оставиме ова вака!!!, напиша Маркоски. 

После овие фотографии секој коментар е одвишен, без разлика дали некој е љубител на животни или не. За тоа овде не зборуваме, овде зборуваме за дијагнози, за ѕверови кои убиваат живи души - ДЕНЕС КУЧЕ, УТРЕ ЧОВЕК!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата