На преминот „Богородица“ за излез од државата се чека и по еден час

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На преминот „Богородица“ за излез од државата се чека и по еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во своето попладневно соопштение.

Од таму додаваат дека на граничниот премин „Богородица“ чекањето за излез од државата е од 30 до 60 минути.

На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата